Насловна / Вести / Шпанците се загушуваат од најголемата гробница на автомобилски гуми во Европа

Шпанците се загушуваат од најголемата гробница на автомобилски гуми во Европа

Stari avtomobilski gumi Spanija
Деведесет илјади тони отпадни автомобилски гуми на само 400 метри од модерната стамбена населба во близина на Толедо во Шпанија, претставуваат голем еколошки проблем за шпанските власти. Тие тешко можат да се ослободат од најголемата гробница на гуми во Европа, пишува британскиот „Гардијан“.

Stari avtombilski gumi spanija1
Околу 5 милиони автомобилски гуми стојат тука уште од 2002 година и покриваат површина од 117.000 m2, помеѓу Мадрид и границата со покраината Кастиља – Ла Манча. На растојание од само неколку стотини метри од депонијата се наоѓа новата населба Ел Кињон, која благодарение на „соседството“ е прогласена за најозлогласена населба во Шпанија – од вкупно 13.500 станови само 1.000 се вселени. Затоа местото го добило прекарот „град на духови“.

Депонијата носи сериозен ризик за пожар, а доколку тоа се случи еколозите тврдат дека тој никако не би можел да се изгасне со вода туку исклучиво со затрупување со земја. Исто така, во тој случај мадридскиот аеродром би се затворил за сообраќај, а околу 11.000 семејства евакуирани.

Stari avtomobilski gumi spanija1

Компанијата која првично била ангажирана за рециклирање западнала во проблеми и престанала со работа. Повеќе пати е казнувана за кршење на локалните еколошки закони. Инаку одлагањето на отпадна гума на оваа депонија официјално е запрено во 2011 година. Оттогаш во неможност да се најде компанија која ќе го рециклира отпадот оваа еколошка бомба за жителите на блиската населба останува сериозен проблем. Проблеми постојат и во врска со изградбата на самата населба Ел Кињон, бидејќи била изградена без инсталации за вода и гас, што исто така оневозможило вселување. Градоначалникот е уапсен под сомневање дека примал мито, но судењето никогаш не е одржано. Иако веќе одамна проблемите со инсталацијата се решени, сепак населувањето оди тешко. Цените на становите се намалени од 200.000 на 57.000 евра, но и понатаму интересот е мал.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top