Насловна / Арт и дизајн / Шолја која ќе ви помогне својот омилен напиток да го одржите на посакуваната температура (видео)

Шолја која ќе ви помогне својот омилен напиток да го одржите на посакуваната температура (видео)

Доколку сте љубители на патувања и технолоии, новитетот кој го потпишува Ember е нешто што не се пропушта.

После лансирањето на првата електрична шолја за носење, славниот бренд ја продолжува приказната – Travel Mug 2. Дизајнирана за употреба во движење, новата шолја ќе ви помогне својот омилен напиток да го одржите на посакуваната температура. Паметниот уред им овозможува на своите корисници да постават точна температура на напитокот и да ја задржат во текот на цели три часа.

e1_resize

Покрај тоа оваа шолја не го истура вашето драгоцено кафе, може да се мие во машина за садови и доаѓа со надрагдба на батеријата. Исто така новитетот нуди нов начин на контрола на температурата и доаѓа со тацна за полнење.

e2_resize

Шолјата е водоотпорна до длабочина од еден метар и лесно се одржува. Travel Mug 2 може да се купи преку официјалниот сајт на брендот по цена од речиси 200 долари.

Испрати коментар

Scroll To Top