Се работи за рекламна кампања со фотографии кои се навистина брутални, но со јасна порака – подигање на свеста за жртвите од сечењето на шумите. Рекламата е спроведена преку Sanctuary Asia – едно од првите и најзначајно еколошко списание во Индија. Слоганот е исто така оригинален – „Кога си оди шумата си одат и животните“. Во тоа е и поентата на фотографиите – кога се уништува живеалиштето во исто време се убиваат и животните кои таму живеат. Тропските шуми чуваат 80% од светскиот биодиверзитет, па нивното уништување во Јужна Америка и Азија е многу сериозен проблем.