Големи скулптури со висина од 30 метри над земјата, кои претставуваат две глави на коњ, се инсталирани од уметникот Енди Скот во Фалкирк, Шкотска. Скот потроши вкупно девет години на дизајн а потоа и монтажа на скулптурите на самото место, склопување на челичните делови во сложените скулптури кои алудираат на легендарниот шкотски воден дух кој преземал форма на коњ т.н. Келпи.
Овој дел од паркот Хеликс, покрај каналот, се трансформира сосем со динамиката на скулптурите, што заедно со шарените светла внатре во челичните конструкции, создаваат прекрасни светли форми во ноќта, давајќи му магичност на шкотскиот пејзаж.
Локацијата на проектот во Фелкирк, култната приказна за келпите и индустриското минато на Шкотска, го чинат Скот горд автор на ова национално богатство.
Ликовната намера е изградба на еден современ скулптурален споменик. Раѓањето од водата, високите портали на паркот Хеликс, каналите и „преведувањето“ на оваа област во горди коњски чувари. Келпите се прикажани како персонификација на локалната и националната историја, на изгубените индустрии на Шкотска. Тие се симболи на модерна Шкотска, на луѓето и земјиштето создадени со врвните технологии на индустриско сечење, но и на ликовното обликување, при заемни партнерства на водечки експерти на интернационално ниво.