Направени 90% од градежен отпад, еко тулите генерираат само 10% од емисиите на јаглерод диоксид на класичните тули. Тулите имаат главна улога во градежништвото со децении, и за несреќа имаат сериозен негативен импакт врз животната средина. Затоа, тимот на инженери од Heriot-Watt University во Шкотска создал стартап Kenoteq, кој ја развил т.н K-Briq: еко тула. Kenoteq верува дека ќе креира поодржлива иднина во градежништвото, токму преку тулата. Оваа тула е изработена од 90% градежен отпад, а генерира само 10% од емисиите бвообичаени кај производството на традиционалните тули. Компанијата била формирана во 2009 година.
Проблемот со производството на класичните тули е во потребата од големи колични на топлина за печките, при што се користат фосилни горива. Сето тоа води до генерирање на значителни емисии на јаглерод диоксид. Кај K-Briq овој ефект е драматично намален, а може да се произведат во различни бои.