Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Шкотска ќе добие електрична централа на плима

Шкотска ќе добие електрична централа на плима

podvodna turbina za plaima

Владата на Шкотска минатата година ја одобри изградбата на централа на плима, на локација помеѓу шкотскиот брег и островот Оркни. Оваа централа би требало да има 61 турбина, поставени на дното на морето. Тие ќе изгледаат слично како ветрогенераторите. Моќноста на оваа централа би требало да биде 86 MW, а со електрична енергија ќе напојува преку 40.000 домови. Компанијата MayGen Ltd. (основана од страна на инвестициската банка Morgan Stenli, GDF SUEZ и Atlantis Resources) ќе ги инсталира турбините во неколку фази. Во текот на оваа година во план е поставување на шест турбини со моќност од 9 MW, кои во 2015 година ќе започнат со производство на електрична енергија. Инаку, првата голема постројка која ја користи енергијата на плимата за производство на електрична енергија, Rance Tidal Power Station започна со работа во 1966 година во Франција.

 

Испрати коментар

Scroll To Top