Производството на електрична енергија од јаглен, за Шкотска е веќе историја. Неодамна е затворен и последниот од четирите блока на термоцентралата Лонганет, која се наоѓа северно од Единбург. Некогаш најголемата централа на јаглен во Европа е затворена поради големите трошоци за одржување, и се оценува дека овој потег нема да предизвика никакви последици по енергетската безбедност на Шкотска. Напротив, ова се толкува како значаен потег на земјата кон производство на 100% енергија од обновливи извори. Организациите за заштита на животната средина го поздравија затворањето на Лонганет, опишувајќи го како почеток на крајот за фосилните горива во Шкотска. Во 2014 година термоцентралата Лонганет е прогласена за една од најголемите 30 загадувачи во Европската Унија.