Насловна / Архитектура / Школски пример за поврзување на традиционална и модерна архитектура

Школски пример за поврзување на традиционална и модерна архитектура

На периферијата на градот Берликум, во Холандија, архитектонското студио Маас Architecten изведе проект на куќа чија основа е организирана во форма на латинската буква H. Куќата се состои од две крила поврзани со транспарентен коридор, кој исто така е главниот влез во зоната. Она што ја издвојува овaa вила од другите, е спојот на традицијата и модерноста кој во целост успеа!холандија_7

Овој објект по својот облик е целосно традиционален – како пресликана куќа од некое холандско село. Дури и материјализацијата е локална: карактеристичен покрив од балирана слама.холандија_8

Меѓутоа, токму на покривот е изведен спојот на традиционалното и модерното, каде што стаклената конструкција се чини како да излегува од сламениот покрив.холандија_6

Во крилото, кое за завршна обработка на фасадата има темно дрво, се наоѓаат гаражата и просторот за складирање. Меѓутоа, во едниот дел на крилото се наоѓа и работниот простор на сопственикот. Дел од покривот е транспарентен, за да доволно количество на светлина навлезе во просторот, пишува Dezeen.холандија_5

Во вторoто крило, лево од влезот, се наоѓаат дневна соба, трпезарија со кујна и спална соба и галерија. Додека кујната, оставата и бањата се сместени до челната фасада, главната спална соба е сместена по должината на централно поставениот двор.холандија_4

Дворот може да се користи како продолжување на трпезаријата за јадење на отворено. Тој е поврзан со базен и тераса, до кои може да се дојде преку мост кој премостува мал рибник.холандија_3

Ентериерот зрачи со минимализам и отсуство на вишок детали. Белината е „скршена“ од текстура од дрво која ја прави атмосферата потопла.холандија_2 холандија_1

Испрати коментар

Scroll To Top