Еден вид на слатководна школка се шири по Драва и Сава и с енаселува во постројките на словенечките хидроцентрали и НЕ Кршко, и ноже да предизвика прекин во работењето на електраните. Оваа инвазивна школка неодамна е забележана на бреговите на новоизградените насипи на ХЕ Брежице на Сава, што е доказ дека таа започнала да ги населува и пониските делови на течението на Сава. Школката може да навлезе и во делови од самите постројки (цевоводи и сл.) каде се развива и создава колонии, предизвикувајќи намалување на протокот, дефекти а не е исклучен и прекин во работењто на електраната. За пронаоѓањето на школките во близина на НЕ Кршко, веднаш било известно надлежното словенечко министерство, Словенечката управа за нуклерана безбедност и НЕ Кршко, бидејќи во случајот на нуклеарната електрана би можеле да се појават проблеми со протокот на водата за ладење.
Изворно, овој вид на школки живеат во регионот на Касписко езеро, Црното и Азовското море, како и во реките кои се нивни притоки, но уште пред 200 години преку бродовите започнала да се сели и кон северниот и западниот дел на Европа.