Das GENUSSREGAL (школка на задоволството), е корпоративен мастер план проектиран од BWM Architekten und Partner, кој истовремено претставува архитектура (облежје, простор за изложување, продавница и магацин за логистика) со која се креира новиот идентитет на компанијата. 60 метри долгата и 12 метри високата решетка поставена покрај самиот пат, е исполнета со товарни контејнери. Нивните ознаки и слики се однесуваат на продукти кои се доставуваат низ цела Styria, Австрија. Изложбата „So schmeckt die Steiermark“ или вкусот на Styria, е исто така замислена од BWM Architekten und Partner. Акцентот на оваа изложба е ставен на дегустација на регионалните производи.