Насловна / Вести / „Шкода“ подготвува мал електричен автомобил кој ќе биде најевтин меѓу своите конкуренти

„Шкода“ подготвува мал електричен автомобил кој ќе биде најевтин меѓу своите конкуренти

„Шкода“ неодамна ја претстави купе верзијата на електричниот SUV, Enyaq iV, а во текот на следните осум години планирани се уште најмалку три електрични модели. Првиот од нив ќе биде мал градски автомобил, а како година на неговото деби се споменува 2024 година. Станува збор за автомобил со должина од околу 410 cm, широчина под 185 cm  и височина од најмалку 155 cm, додека меѓуоскиното растојание е 265 cm. Автомобилите ќе имаат два багаж простори. Предниот ќе има околу 70 l, а задниот повеќе од a 300 l, кој може да се зголеми на околу 1.300 l со спуштање на седиштата.

skoda1

Оваа мала електрична „Шкода“ ќе дебитира во 2024 година и многу е веројатно дека ќе излезе како прв од сродните пет најавени модели на VW групацијата. Се шпекулира дека цената на овој автомобил ќе биде околу 17.000 евра, што ќе го вброи меѓу најевтините електрични автомобили во Европа.

skoda2

Испрати коментар

Scroll To Top