„Шкода“ објави кратко teaser видео за новиот електричен SUV, кој ќе биде претставен во текот на годишната конференција за медиуми на чешкиот производител најавена за 15-ти март. Иако името на моделот допрва треба да биде откриено, се шпекулира дека новиот електричен компактен SUV ќе биде наречен Skoda Elroq.
Врз основа на официјалните информации објавени минатата година во врска со новиот електричен асортиман, токму Elroq би требало да дебитира оваа година како електричен пандан на Karoq. Се опишува како идеален семеен автомобил, кој нуди простран ентериер со акцент на практичност, додека должината ќе изнесува 4,5 метри. Elroq ќе биде ривал на моделите како што е Peugeot E-3008, но ќе биде предизвик и за најавените електрични наследници на Citroen C5 Aircross и Opel Grandland. И овие два модела се очекуваат годинава.