Секогаш користењето на природни материјали и тонови се добра појдовна точка во дизајнот на ентериерите. Органските теми нудат толку добри решенија, што секоја природна нијанса одлично се вклопува со другата.
Овој прекрасен апартман се наоѓа во Москва. Проектиран е со користење на природни светли тонови кои произлегуваат од дрвото и останатите природни материјали.
Во основа овој стан се простира на 100 м2, а во дневната соба светлина влегува преку големиот прозорец и тоа повеќе од доволно.
Кожната седечка гарнитура и останатите парчиња мебел во светли нијанси му даваат ведрина на станот, кој е целосно пријатен за престој во него.