Познатиот архитект добитник на Прицкеровата награда ја мобилизираше Мрежата VAN (Voluntary Architects Network, за да им се помогне на погодените од страотните поплави во јужниот дел на Јапонија. Најмалку 210 луѓе загинаа, а напорите за санација на состојбите се сега усложнети од уште една елементарна непогода – екстремниот топол бран што ја зафати земјата. Бан во соработка со VAN како и студенти доброволци, гради посебни секции во центрите за евакуација направени од хартиени ценки и платнени завеси. Овие привремени засолништа обезбедуваат минимална приватност за настраданите, формирајќи модуларна единица со димензии 2×2 метри.
Ваквите единици се градат во центрите за евакуација во пофодените подрачја, и досега се направени вкупно 400. Нивната изградба е прашање на часови.
Бан е познат по својата посветеност да помогне во хуманитарни цели, и тоа токму низ својата архитектонска креација. Во 2011 за време на земјотресот и цунамито во Јапонија, изгради 1800 единици засолништа во 50 центри за евакуација. По земјотресот во Мексико во 2017 година, тој веднаш отпатувал во погодените подрачја и се вклучил во проекти за помош. Во истата година во соработка со UN Habitat започнува проект за 20.000 домови за бегалци во Кенија.