Насловна / Вести / Шесте галии во Вардар ќе бидат избришани од планот „Мал ринг“

Шесте галии во Вардар ќе бидат избришани од планот „Мал ринг“

Шесте галии во Вардар ќе бидат избришани од планот „Мал ринг“, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, за „Макфакс“.

Богдановиќ вели дека процедурата за менување на планот веќе ја почнале.шест галии

„На четвртата седница го отфрливме планот ‘Мал ринг’, со кој се предвидени галиите, заедно со уште три плана, кои сметаме дека се спорни. Процедурата е почната и тие сега се во Уставниот суд. Нашата интенција е да направиме целосно нови планови за чие подготвување и усвојување ќе бидат почитувани сите законски процедури. Во новиот план ‘Мал ринг’ не само што ќе бидат избришани трите галии што не се изградени, а постојат во планот, туку ќе ги избришеме и веќе изградените три“, вели градоначалникот Богдановиќ.

Тој потсети дека галиите имаат третман на урбана опрема, а Град Скопје веќе ја разгледува можноста за нивна дислокација.

Три галии беа предвидени со планот „Мал ринг“ уште во 2010 година, а во многуте измени што ги претрпе планот нивниот број порасна на шест. Неизградени останаа две галии од левата страна на Вардар, од кои едната кај новиот театар, а другата кај колонадата „Независна Македонија“. Третата неизградена галија е од десната страна на Вардар во близина на Камениот мост кај Офицерскиот дом.

(Макфакс)

Испрати коментар

Scroll To Top