Бројни архитекти се впуштиле во сферата на дизајнирање рачни часовници, но овие шест модели се одликуваат по тоа што зад нивните дизајни стојат добитниците на престижната награда Прицкер – што е еквивалент на Оскар во архитектурата. Меѓу нив се познати архитекти како Тадао Андо, Френк Гери, Алваро Сиза…
Погледнете како изгледаат нивните креации… кои можеби ќе можете да си ги дозволите наспроти нивниот ангажман за вашата куќа.
LeBond Souto de Moura
Португалскиот архитект Едуардо Соуто де Моура дизајнирал минималистички часовник за брендот LeBond, а специфичност на часовникот е тоа што неговиот бројчаник се ротира за триесет степени.
Како што објаснува архитектот, неговата идеја била да го постави бројот 12 на традиционалното место на бројот 1, со цел да пружи „нова интерпретација на познатите работи“ и да се создаде оптимален агол на гледање за оној што го носи часовникот.
Serpenti Tuboga x Tadao Ando
Дизајниран за Bvlgari, часовникот на Тадао Андо е создаден како додаток на палетата на скапоцени камења на брендот Serpenti. „Тадао Андо поседува ретка креативност, инспирирана од природата и нејзиниот минлив карактер. Вклопувањтое со Serpenti беше инстинктивно“, истакнува Fabrizio Buonamassa Stigliani, извршен директор за креација на производи во Bvlgari.
Tambour de Genève Sapphire Frank Gehry
Последниот часовник дизајниран од Френк Гери креиран е за луксузниот бренд Louis Vuitton. Овој транспарентен часовник е инспириран од неговата архитектура, а особено од облиците на едрата на зградата на фондацијата Louis Vuitton во Париз.
Брановидното куќиште на часовникот, бројчаникот, круната, врските на нараквицата и направени се од едно парче сафир.
LeВond Siza
Португалскиот архитект Алваро Сиза исто така бил инспириран од една од своите згради, за да го дизајнира часовник за LeВond.
Овој часовник има квадратна форма која е инспирирана од комплексот базени Leca во Португалија, додека стрелките на часовникот потсетуваат на минималистичките знаци за отоалетот кои можат да се видат во овој рекреативен комплекс.
Cauny X Siza
Сиза исто така дизајнирал и рачен часовник заедно со директорот на Cauny, кој го опишал овој модел како „часовник кој изгледа како часовник“. Часовникот е изработен со супер тенко куќиште, челична рамка, сафирно стакло и кожна нараквица.
Rafael Moneo x Cauny
Уште еден часовник директно инспириран од архитектурата, дизајниран од шпанскиот архитект Рафаел Монео, а како референца бил часовникот на станицата Atocha во Мадрид.
Како што наведува Монео, и рачниот часовник и часовникот на зградата имаат издолжени и тенки римски бројки „што потсетуваат на древните сончеви часовници и силно го дефинираат бројчаникот“.