Насловна / Вести / Шест најинтересни книжарници во светот

Шест најинтересни книжарници во светот

sest najdobri knizarnici vo svetot_02
Купување и читање книги за многу љубители на литературата е вистински ритуал на одење во омилената книжарница, каде со чаша топло кафе или чај може да се ужива во проучувањето и листањето на разни интересни изданија. Тоа го знааат и сопствениците на шестте книжарници, чии енетериери ви ги претставуваме, а се наоѓаат во редот на најубавите и најдобрите во светот.

Atlantis Books, Санторини , Грција
Книжарница Atlantis Books се наоѓа на падините на грчкиот остров Санторини. Книжарницата за неколку години околу себе собра вистинска заедница на љубители на книгата , која организира филмски фестивали и фестивали на храна, поетски читања на тераса и во чиј простор може да се сретнат многу мачки и кучиња, кои на оваа атрактивна книжарница даваат дополнително чувство на лежерност.sest najdobri knizarnici vo svetot_12 sest najdobri knizarnici vo svetot_15 sest najdobri knizarnici vo svetot_16

Shakespeare and Company , Париз, Франција
Париз го чува и го негува наследството на двете легендарни книжарници познати како Shakespeare and Company. Првата, кога се отворила била популарно збиралиште за големите писатели кои некогаш живееле во Париз, а меѓу нив се Езра Паунд, Ернест Хемингвеј и Џејмс Џојс. Книжарница била затворена во 1940 година во текот на Втората светска војна. Другата се наоѓа на 37 rue de la Bucherie , во петтиот кварт. Првобитно се викала Le Mistral , a преименувана е во Shakespeare and Company во чест на првата. Денес тоа е комбинација на книжарница и библиотека специјализирана од областа на англиската книжевност, а се појави и во филмот „Полноќ во Париз“ на Вуди Ален.sest najdobri knizarnici vo svetot_17 sest najdobri knizarnici vo svetot_19 sest najdobri knizarnici vo svetot_18

Massolit Books & Café, Краков, Полска
Massolit Books & Café е независна книжарница која е специјализирана за стари и нови наслови на англиски јазик, и често пати имаат мноштво на попусти. Се наоѓа во стариот дел на Краков, а покрај книгите што се достапни во книжарницата, има и онлајн каталог со повеќе од 20.000 тома.sest najdobri knizarnici vo svetot_20 sest najdobri knizarnici vo svetot_01 sest najdobri knizarnici vo svetot_21 sest najdobri knizarnici vo svetot_03

Livraria Lelo & Irman, Порто, Португалија
Livraria Lelo & Irman е една од најстарите книжарници во Португалија. Таа е основана уште во 1869 година и се уште гo негува стилот Art Nouveau. Во 2011 година, водичот Lonely Planet ја прогласи оваа книжарница за една од најубавите и најдобрите во  светот.sest najdobri knizarnici vo svetot_05 sest najdobri knizarnici vo svetot_04 sest najdobri knizarnici vo svetot_06
Selexyz, Мастрихт , Холандија
Selexyz во 13 век била Доминиканска црква, парохиска црква, магацин, архива и складиште на велосипеди, пред конечно да се претвори во книжарница. Денес е дел од синџирот Selexyz книжарници и има најголем избор на книги на англиски јазик во градот.sest najdobri knizarnici vo svetot_07 sest najdobri knizarnici vo svetot_08 sest najdobri knizarnici vo svetot_09 sest najdobri knizarnici vo svetot_10
El Ateneo Grand Splendid, Буенос Аирес, Аргентина
Еl Ateneo во книжарница е претворена од еден стар театар, а низ неа годишно поминуваат повеќе од еден милион луѓе. Театарските ложи се беспрекорни, а наместо театарски столици, на посетителите им се понудени фотелји каде што може да разгледуваат книги, со чаша кафе или чај од кафулето кое се наоѓа зад поранешниот театар. Со големи кадифени завеси, украсен малтер и насликан таван, просторот го задржал чувството на голем театар, каков што некогаш и бил.sest najdobri knizarnici vo svetot_11 sest najdobri knizarnici vo svetot_14 sest najdobri knizarnici vo svetot_13

 

Испрати коментар

Scroll To Top