Кина се согласи илјадници нејзини градежни работници да работат во Израел, во обид да се намали станбената криза во еврејската држава. Според договорот, 6.000 кинески работници ќе стигнат во Израел во рок од шест месеци по официјалното потпишување на договорот, што се очекува да се случи кон крајот на февруари, се наведува во заедничкото соопштение на израелските министерства за внатрешни работи и за финансии.