Македонското архитектонско студио Besian Mehmeti Architects го дизајнираше модерниот ентериер на SHENDeVERË барот во Тетово. Новото урбано место во градот има за цел да ги собере љубителите на уметноста, артистите, поетите, односно има за цел да создаде простор во кој што музичарите ќе имаат настапи или пак уметниците ќе одржуваат изложби.
Во просторот доминира специфичната обработка на таванската конструкција и употребата на класични парчиња мебел, кои што овозможуваат различна просторна конфигурација.
Како еден иновативен детал се издвојува логото на барот, коешто се чита на ѕидот и е изработено само од заковани шајки на дрвената подлога.