Во екот на вистинска револуција на електрични и хибридни автомобили, нафтената индустрија се соочува со императивот да ги одржи во живот конвенционалните мотори, така што ќе работи на намалување на нивната потрошувачка.
Од друга страна, пак, имајќи ги предвид строгите еколошки норми, од исклучителна важност е автомобилите да бидат што помали загадувачи на животната средина. Компанијата Shell го претстави концептот на мал градски автомобил, со економичен бензински мотор, заснован на моделот Т.25 кој во 2010 година го конструираше фирмата Gordon Murray Design.
Каросеријата е израбоена од рециклиран материјал од јаглеродни влакна, па автомобилот е тежок само 550 kg. По завршувањето на неговиот експлоатационен век, целото возило може да се рециклира.
Во текот на пробните тестирања, автомобилот просечно трошел 2,64 l/100 km, а останува д се види дали во прашање е само маркетиншки потег на една од најголемите нафтени компании на светот, или ова возило навистина еден ден ќе влезе во сериско производство.
Ova koga ke vrne nema otvaranje ostana vnatre zaroben 😀