Луѓето од компанијата Holleyweb осмислиле шатор на пумпање, изработен од ПВЦ материјал и целосно транспарентен, кој овозможува да се живее надвор на отворено и тоа со сите бенефиции на модерниот живот.
Потребен е приклучок бидејќи системот на пумпање мора да биде вклучен во струја цело време за шаторот да има постојана конструкција. Може да се купи преку „Амазон“, а цената му е околу 2.000 долари.
Во шаторот висок четири метри можат да се сместат двајца луѓе кои ќе имаат доволно удобност во просторот. Иако дизајнерите не ветуваат отпорност на остри рабови како шилести карпи, тие велат дека е отпорен на вода и пожар. Значи, за време на летните дождови, човек може слободно да се опушти и да ужива.