Вазната е многу повеќе од еден сад за цвеќе, односно таа е со години негов естетски продолжеток, а за многу дизајнери, вазната станала деликатна задача.
Младата продукт дизајнерка од Лондон, Bilge Nur Saltik, одлучила да направи една необична вазна, која самата по себе оптичка илузија. Nur таквиот впечаток успеала да го направи со употреба на специјална техника на „дување стакло“ со која се создаде овој уникатен производ. Op-вазните се дизајнирани на начин кој во внатрешноста на стаклените капсули е сместен еден цвет кој се чини дека се „дави во длабочините на стаклото“.
Секое парче е уникатно во создавањето на оптичка илузија и чувството дека пред нас е букет цвеќе. Овој модел младата дизајнерка одлучила да го направи кога отпатувала од Лондон во Истанбул и затоа не е чудно тоа што вазните го кријат во себе шармот на Ориентот.