Како ви звучи француски Алпи и снежно покриена колиба? Веруваме одлично. Токму таква совршена комбинација најдовме скриена во француското скијачко место по име Куршевел. Тоа е елегантна рустикална градба среде снежна шума, која е идеална за бегство од секојдневниот стрес, работа…
Со еден збор, идеална за зимски годишен одмор, и сето тоа делува прилично терапевтски. Оваа луксузна колиба е во дрво, а нејзината топлина е дополнително истакната со светли парчиња мебел и софистицирани позлатени детали.
Освен прекрасно украсениот ентериер, на топлината на овој ентериер на неколку ката, исто така, дава романтичниот камин кој е централен дел од дневната соба, а за сите оние кои бараат уште нешто од остатокот од куќата, ќе бидат задоволени со затворен базен со џакузи и сауна, кои ќе биде совршени за релаксација по целодневното скијање.