Karavayevi Brothers е добро познат руски синџир на кафе барови и кафулиња, кои едноставно ги обожаваат сите, а сега го доби и својот тринаесети по ред новоотворен локал.
Се работи за прекрасен простор за кој е одговоренo архитектонското студио V12, а овој пат референца е ботаничката градина. Овој прекрасен и малку еклектичен простор е дел од еден шопинг центар и е омилен меѓу сите посетители. Освен вкусната храна, закуски и пијалаци кои се нудат, акцентот е ставен и на висечките садови со нагласени зелени детали. Тука е и шарениот под со столчињата во пастелни нијанси, како и муралот на еден ѕид. Иако се изгледа помалку бурно, факт е дека просторот е многу убаво и складно уреден и сето тоа има смисла, но она што е најважно, изгледа мошне енергетски.