Веднаш во срцето на Солванг, на триесет милји северно од Санта Барбара, се наоѓа хотелот Лендсби – парадокс на елеганцијата и софистицираноста.
Не само што Лендсби е местото каде што ќе сакате да останете додека ја посетувате областа, туку е причина сами да патувате таму. Всушност, Лендсби е најдобриот вински хотел во Санта Барбара.
Модерните скандинавски ентериери, дизајнирани од Studio Collective во Лос Анџелес се совршенството во овој хотел. Хотелот е уреден со кожени фиоки и насликани скали во уметничкото дело на Рејчел Браун. Дваесет и осум од четириесет и една соба се во главната куќа – другите соби имаат надворешен влез преку паркингот.
Највпечатлива е спа кадата од која се гледа спалната соба горе. Хотелот е дизајниран со ориентираност кон деталите. Станува збор за хотел кој е прототип за сите останати дизајнерски хотели.
АВТОР САЊА ВЕЛКАКОВА