Ако некогаш сте планирале патување во Рим, ви откриваме „кул“ хотел каде што можете да се сместите. Не само што е прифатлив по цена, туку е насликан од познати улични уметници од целиот свет!
Лоренцо Буси, основач на хостелот The RomeHello, стекнал бројни познаници низ неговите многубројни патувања ширум светот, кои подоцна го прашувале за совет каде би можеле да престојуваат кога ќе дојдат во Рим. Тој тогаш сфатил дека воопшто не може да им предложи било место кое би било прифатливо со цена, а при тоа просторот да биде интересен, младешки, убав и модерен.
Затоа тој одлучил да отвори хостел за млади светски патници, кои одлучиле да го стават Рим на листите на своите патувања. Покрај обезбедувањето добри услуги за младите, тој сакал да го промени економското размислување на стандардните компании, па затоа неговиот хотел е непрофитно друштвено претпријатие. Покрај тоа, она по што овој хотел е различен од останатите е фактот дека ентериерот е декориран со делата на познати улични уметници од целиот свет. Па, така, во овој хотел може да се уживаат во делата на Ади Фернандез (Мексико), Џереми Скиаво (Франција), Дим Фатум (Украина), Алe Мортоз (Италија), HNRX (Австрија) и многу други.
Исто така, тука се организираат бројни настани како што се концерти, кулинарски курсеви, пинг-понг натпревари, а е и место каде што појадокот се служи во шармантна пекарница полна со разни италијански деликатеси.