Архитектонското ремек-дело во улица „Лагињина“ во Загреб, познатиот облакодер на хрватскиот архитект Иван Витиќ, наскоро треба да биде целосно обновено. Една од најпосакуваните станбени локации во градот, со години пропаѓала, но на почетокот на 2016 година се започна со реконструкција на целиот комплекс, кој се состои од облакодер, трикатна и четирикатна зграда, пишува Punkufer.
Облакодерот дизајниран од шибенскиот архитект Иван Витиќ, е граден од 1958 до 1962 година. Инвеститор на проектот била тогашната Народна банка на ФНРЈ, а првите жители се нејзините вработени. Денес таму живеат уметници, архитекти, дизајнери…
Зградата од којашто уште минатата година паѓале парчиња од малтер од фасадата, а исто така летале дури и ролетни од прозорците, денес блеска со нов и освежен изглед. Облакодерот е реконструиран, а трикатната и четирикатната зграда се уште се со градежни скелиња, но и тие наскоро ќе бидат целосно обновени.
Фото: Сандро Склепиќ
Bi bilo prekrasno da moze vakov proekt da se realizira i kaj nas. Mozebi toa sto opstina Centar go pocna so nekoj objekti / posledniot e vo n. Prolet /, se nadez deka i nie mozeme nesto poveke od gluposta na Sk-2014.Pocesto vakvi proekti da se prezentiraat, kako POUKA za nasite arhitekti.