Насловна / Ентериери / Шарена кафетерија и галерија во Букурешт

Шарена кафетерија и галерија во Букурешт

Оваа кафетерија освен својата примарна намена има и дополнителна, во неа може да се одржуваат разни културно-уметнички настани. Сместен во атрактивен дел на Букурешт, Романија, овој објект е дело на познатите и веќе реномирани архитекти од студиото „Лама“ од Букурешт.

1-lama-kafeterija

Освен по својата намена, овој објект е специфичен и по својот дизајн на ентериерот. Како и останатите извонредни проекти кои произлегуваат од „кујната“ на ова студио, и на овој простор не му недостасуваат креативност, енергичност, естетика и удобност. Извонреден простор во кој може квалитетно да се помине времето со пријателите и истовремено да се опуштите со кафе, но и со уметност.

2-lama-kafeterija

Извонреден потег со кој се одликува ова решение, е тоа што архитектите просторот го имаат поделено на два дела, две целини. Долната целина се состои од под и долниот дел на ободните ѕидови и тој е изведен во поголем спектар на бои измашани помеѓу себе. Подот има футуристичка пластичност, по малку можеме да кажеме дека е и ладен, токму поради тоа што материјализацијата е изведена од налик „неприродни“ материјали и бои.

3-lama-kafeterija

Втората целина, пак, е составена од целосно природни материјали, а се состои од горниот дел на ободните ѕидови, мебелот и плафонот на овој прекрасен простор, што го прави топол, природен, пријатен и релаксирачки. Во него се вградени, во најголем дел, дрвото и полната тула кои пријатно влијаат на целиот простор.

4-lama-kafeterija

5-lama-kafeterija

6-lama-kafeterija

7-lama-kafeterija

8-lama-kafeterija

9-lama-kafeterija

10-lama-kafeterija

11-lama-kafeterija

12-lama-kafeterija

13-lama-kafeterija

14-lama-kafeterija

Испрати коментар

Scroll To Top