Насловна / Вести / Шара се става под привремена заштита

Шара се става под привремена заштита

Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека министерот  Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата,  донесе РЕШЕНИЕ за привремена заштита на делот од Шар Планина за кој се води постапка за прогласување за заштитено подрачје во категорија II – национален парк.

sara_resize

Привремената заштита на подрачјето на кое се однесува Решението се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи дел од Шар Планина за национален парк. За потсетување, Предлог- законот е одоборен од страна на Владата на Република Северна Македонија и во најскоро време се очекува да започне собраниската  постапка за негово усвојување.

Со усвојување на овој Закон нашата држава ќе го добие првиот национален парк од прогласувањето на независноста со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2% од севкупната територија.

Испрати коментар

Scroll To Top