Насловна / Вести / Шанса за Центар: Итно да запре градењето на улицата „9 Мај“

Шанса за Центар: Итно да запре градењето на улицата „9 Мај“

Шанса за Центар апелира дека продолжува хаосот на улицата „9 Мај“ каде инвеститор си гради како сака и покрај забраните. Повлекол дел од улицата, а штета веќе има и на околните објекти според фотографии кои ни ги доставија граѓани од соседните подрумски простории.

s5

Шанса за Центар бара Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme итно да реагира и да го запре ова загрозување на општата безбедност пред да настане поголема штета или несреќа!

Инспекторат на Општина Центар да го запре градењето и во рамки на овластувањата да почне постапка за поништување на градежната дозвола.

s4

Овој инвеститор и градежната компанија не треба да имаат право за било какви зафати на територија на Општина Центар!

Класично дивеење на поединци кога институциите се толку ослабени.

s1 s2 s3 s6

Испрати коментар

Scroll To Top