Насловна / Архитектура / Shanfeng Academy во Кина – училиште и културен центар за локалната заедница

Shanfeng Academy во Кина – училиште и културен центар за локалната заедница

Тимот на бирото OPEN Architecture го слави завршувањето на зградата Shanfeng Academy, културен и спортски центар сместен во Suzhou, Кина. Објектот е проектиран да ги задоволи потребите на речиси 2.000 ученици на билингвалното училиште Mountain Kingston, додека истовремено служи како културен центар за локалната заедница.

2

Архитектите истакнуваат дека за време на развојот на проектот, биле под влијание на сложените кинески пејзажни цртежи и традиционалните Suzhou Gardens, кои настојувале да ги почитуваат додека се справувале со современите урбани и образовни предизвици.

1

За да се зголеми просторот и да се прилагоди на големиот број корисници, тимот на OPEN Architecture ја поделил зградата на академијата во група од пет поединечни структури, сите поврзани со патеки на кровот. Помеѓу градините и волумените има полуотворени патеки каде колонадите и нивните сенки создаваат празнини.

8

На врвот на патеките се наоѓа петтата градина, место за повлекување и собирање кое ги поврзува сите главни функционални простори горе и долу. Овие празнини делуваат како необоени делови во традиционалните кинески пејзажни цртежи, обезбедувајќи простори за дишење, каде што луѓето можат да се релаксираат и забавуваат, додека светлината и сенките, менувањето на небото и облаците, капките дожд и лисјата што паѓаат ги анимираат.

6

Иако е поделена меѓу повеќе волумени, зградата претставува единствена целина свртена навнатре, која е заштитена од околниот град. Како интеракција помеѓу училиштето и градот, објектот споделува многу простори со заедницата надвор од кампусот. За време на училишниот распуст, театарот, спортскиот центар и базенот можат да бидат отворени за јавноста.

7n

Комплекс овозможува проникнување на воздухот и светлината, при што природното осветлување и вентилацијата играат значајна улога во намалувањето на потрошувачката на енергија. Петте волумена на објектот содржат простори за читање, спорт и уметност, секој со своите особености, но заедно формираат синергетска целина.

11

Објектот е обвиткана во бел бетон формиран од оплата за да и оддаде почит на традиционалната архитектура на „бели ѕидови – сив кров“ на областа Suzhou. Оваа стратегија служи за надминување на потребата од постојаното одржување на традиционалниот бел малтер.

3

Shanfeng Academy е модерен академски кампус и културен центар кој ги комбинира традиционалните и современите елементи за да обезбеди жив, енергичен простор како за студентите, така и за заедницата да се поврзат и да напредуваат.

4 5 10 9 12 13 14 15 16

Испрати коментар

Scroll To Top