Шеста година по ред, модната империја „Шанел“ ги освојува зимските предели како од бајка со свое присуство, на 1850 метри надморска височина, во прекрасното модно скијачко одморалиште Куршевел во Франција. Така, „Шанел“ отвори уште еден pop-up бутик во овој престижен ски-центар за да ги задоволи модните потреби на љубителите на зимските спортови.
Три C – Chanel, Christmas и Courchevel чинат неверојатен спој, што сите љубители на овој бренд го обожаваат. Со простор во подножјето на ова одморалиште, во срцето на Savoyard ски станица, отворен е нов бутик со површина од 160 м2 каде што се претставени Ready-to-Wear парчиња од Cruise 2014/15 колекцијата.
Бутикот се простира на два ката, и во него има доволно простор за накит на овој бренд, како и рачни часовници и избрани парчиња кои служат за луксузни подароци. Бутикот како и секогаш ќе биде отворен до 5 април оваа година додека трае скијачката сезона.