Проектното биро Aboim Inglez Arquitectos доби интересна задача да адаптира стан од 250 квадратни метри во центарот на португалската престолнина во модерен животен простор прилагоден на желбите на млад брачен пар. Нивната задача не била толку лесна, бидејќи станот има многу необични димензии – долг е 33 метри и широк седум метри!
Ако се додаде дека и ходникот е долг 15 метри, јасно е дека ова бил ноќен кошмар за архитектите.
Сепак, во морето на проблеми, архитектите нашле една светла точка, а тоа е дрвениот под. Тој бил во релативна добра состојба, се протега низ целиот стан, и визуелно ги поврзува собите. Затоа паркетот им послужил како почетна точка за реновирање на овој шармантен стан.
Интересниот паркет, организиран во „шаховска табла“, бил зрел за освежување. По додавањето на даските кои недостасувале, пресложувањето на некои места, следело и ткн. хоблување и лакирање, па што истиот заблескал со стариот сјај и послужил како добар почеток за реновирање на станот, пишува ArchDaily.
Интервенцијата, исто така, подразбирала мала промена во распоредот на постоечките простории. Дневната соба останала таму каде што била, односно кон уличната страна на станот, блокот за спиење бил сместен во централниот дел од станот, додека трпезаријата и кујната биле префрлени кон дворната страна од станот. Трпезаријата добила веранда, додека дневниот блок и кујната биле визуелно поврзани.
Од желбата на клиентот да се направи посветол и поведар стан, архитектите одлучиле да се отстранат поединечни врати заради поголемо количество на светлина во ходниците, со што дополнително била нагласена врската помеѓу просторите.
Проблемот на долгиот ходник бил така решен, што покрај отстранувањето на врати и отворањето на просторот, била вградена долга клупа која им овозможува на сопствениците на овој стан да можат и да престојуваат во него.