Република Северна Македонија влезе во семејството на држави кои имаат Национална црвена листа. На завршниот настан од втората компонента на GEF/UNEP проектот “Постигнување заштита на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето” беа презентирани резултатите од досегашниот, двегодишен процес на изработката на националните Црвени листи во Република Северна Македониjа. Ова е прв пример во регионот каде постапката одела согласно најстрогите препораки на IUCN.
Исто така, беше презентирана и националната веб-страница на Црвени листи, деталните Црвени листи за влечуги и водоземци, приоритетната листа за васкуларни растенија, а се разговараше и за употребата на црвените листи во националната политика, како и за понатамошниот развој на Црвените листи во нашата држава.
Националните црвени листи се важна алатка за мониторинг на биолошката разновидност и ќе помогнат да се идентификуваат приоритетните видови и подрачја за креирање на успешна политика за заштита и зачувување на природа. Изработката на Црените листи претставува една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природата, а воедно е и една од приритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028г.
Во рамки на Проектот, идентификувани и систематизирани се 46 видови од Херпетофауна (водоземци и влекачи) и извршена е проценка на 14 растителни видови, кои имаат меѓународен и национален статус на заштита.
Националните црвени листи им помагаат на земјите во поефикасно утврдување на статусот и трендовите за зачувување на видовите, креирање политики, подигнување на свеста за загрозени видови и интегрирање на вредностите на биолошка разновидност во процесите на развој и планирање.