Насловна / Архитектура / „Северна кула“ за „Големото јаболко“

„Северна кула“ за „Големото јаболко“

30 Хадсон Јaрдс (30 Hudson Yards) позната и како „Северна кула“ е супервисок облакодер кој во моментов се гради на Менхетен во Њујорк и речиси е пред финале. Зградата е дел од проектот за реконструкција на западниот дел на т.н. област под управа на транспортната агенција на Метрополитен. Од јули 2018 година, таа е трета највисока зграда во Њујорк.

30-Hudson Yards-1

Оваа кула почна да се гради на 4 декември 2012 година. Раните градежни работи  се фокусираа на изградба на платформа која ќе покрие поголем дел од источниот железнички двор. Платформата се потпира на специјални столбови кои се длабоко во земјата и се носачи на платформата на која почива зградата, а истата е над железницата. На 12 декември 2013 година беше објавено дека Tutor Perini Building Corp го добиле договорот за изградба вреден 510 милиони долари само за конструкција на платформата.

30-Hudson Yards-3

Во 2013, Time Warner, сега Warner Media, ги објави своите намери да пресели поголем дел од своите канцеларии токму на 30 Хадсон Јардс, напуштајќи го сегашното седиште во Центарот за Time Warner. Комплетната преселба ќе биде направена по отворањето на зградата, но тоа и не е толку важно, колку што е важен фактот дека веќе следната година ќе биде прогласен официјален крај на изградба на комплексот.

30-Hudson Yards-8

До јануари 2016 година, првите неколку надземни катови на објектот беа веќе завршени но она што е посебно значајно за овој облакодер е што во април 2018 година почна конструкцијата на т.н. „Палуба за набљудување“ или огромната платформа од стакло која излегува од зградата, виси и овозможува уникатен видик на Њујорк од таа позиција.Оваа платформа за набљудување беше речиси завршена до средината на 2018 година. Платформата е долга 24 метри, има триаголна форма и целата е од стакло. Подот на набљудувачницата е од специфично мат стакло, додека во средишниот дел во триаголна форма има провидно стакло од кое слободно се гледа надолу кон основата на објектот, на улиците и на тој дел од Менхетен.

30-Hudson Yards-7

Дизајнот на објектот е на „Кон Педерсен Фокс“. Првичниот дизајн планираше кулата да биде висока 408 метри, но подоцна истата беше намалена на височина од 386 метри, што сепак сè уште ја прави уште една од највисоките згради во развој.

Палубата ќе биде највисокиот јавен простор за набљудување на отворено во западната хемисфера на Њујорк и е лоцирана близу 100-тиот кат. Тоа е дел од поголемиот концепт со повеќе катови, кој вклучува и ресторан на површина од 10.000 квадратни метри, бар и простор за настани.

Идејата за создавање стаклена палуба за набљудување не е ништо ново. Постојат многу такви објекти, како што е случајот во Чикаго или „потковицата“ за набљудување во клисурата Колорадо, но авторите на овој објект, сакаа да ги притиснат сите граници со навидум опасна капсула затворена со стаклени влакна на висина од над 300 метри кон небото. Декот за набљудување се наоѓа на 350 метри над темелите и е засилен со пешачка патека. Како што напоменал во една прилика претседателот на 20 Хадсн Јардс, тоа е одлична можност да уживаш, но и да ги „извалкаш“ панталоните на еден познат и срамен начин.

30-Hudson-Yards-1a

30 Хадсон Јордс официјално на 17-ти јули 2018 го доби последното парче стакло, еден вид круна на објектот со кој се означи фазата на изградба. Високата кула од 386 метри е највисока од кулите во овој дел и има сериозна шанса да го добие епитетот на исконска зграда која го има најубавиот поглед. Надворешната палуба ќе биде најголемата и највисока структура во западната хемисфера, која е составена од 15 основни делови, од кои секоја тежи меѓу 1.5 и три тони и заеднички обезбедуваат околу 7.500 квадратни метри простор за гледање, опкружени со девет метри – стаклен ѕид и прозориран под.

До април идната година има уште неколку месеци, а оние кои веќе пробно биле на декот за набљудување, велат дека чувството е опасно.

 

Технички детали:

Име: 30 Хадсон Јардс

Место: Менхетен, Њујорк

Почеток на работа: 2012 година

Завршување на работа: април  2019

Менаџмент: Оксфорд Групација АД

Висина 1.268 стапки (386 метри)

Број на резидентни катови: 100

Површина: 240.000 м2

Број на лифтови: 59

Испрати коментар

Scroll To Top