Насловна / Вести / „Северен тек 2“ започна да се полни

„Северен тек 2“ започна да се полни

Постапката на полнење на првата линија од гасоводот „Северен тек 2“, започнала на 4-ти октомври. Во согласност со плановите и барањата на проектот, линијата се полни со т.н технички гас во волумен од околу 177 милиони m3, со што се обезбедува притисок од 103 bar. И натаму траат подготовките за полнење на втората линија, а компанијата „Газпром“ одби да ги зголеми испораките на природен гас во Европа и покрај овој гасовод, односно нема резервирано дополнителни капацитети преку Украина, туку само една третина преку Полска, што прави дополнителна нервоза на пазарот. Во меѓувреме се чека одлуката на германскиот регулатор, кој треба да даде дозвола за работа на новиот гасовод. Руски „Газпром“, кој е сопственик на „Северен тек 2“ (Nord Stream 2 AG), најави завршување на проектот на 10-ти септември. Овој гасовод долг 1230 km треба да транспортира 55 милијарди m3 природен гас годишно од Русија во Германија преку Балтичкото море. Се очекува да биде ставен во фунција до крајот на годинава.

nord1

nord2

Испрати коментар

Scroll To Top