Истрагата околу наводната експлозија на Балтичкиот гасен интерконектор, кој ја поврзува Финска и Естонија, се уште трае, но има напредок со оглед дека постојат траги на морското дно. Финската полиција покренала истрага барајќи потенцијална намера за оштетување на гасоводот, а рускиот претседател рекол дека секој сомнеж во вмешаноста на Москва е „целосна бесмислица“. Од Gasgrid Finland, кој е косопственик на Балтичкиот интерконектор со естонскиот Elering, велат дека повторното пуштање во работа на гасоводот не може да биде довршено до април 2024 година. Сега и двете земји ја испитуваат причината за штетата, Анализата на материјалите е во рана фаза.
Независната норвешка истражувачка група Norsar, известила на 10-ти октомври за „веројатна експлозија“ во близина на Балтичкиот интерконектор, а експлозијата е откриена со помош на станиците во Финска. Истрагата е веднаш започната, но тешките услови на море значително ја отежнуваат истата.