Насловна / Арт и дизајн / Sesamo отвори се – минималистичка колекција за бањи

Sesamo отвори се – минималистичка колекција за бањи

Sesamo е колекција на аксесоари за бањи, дизајн на брендот Arkimera, која со формирање ниши се интегрира во ѕид и нуди сокриен простор за складирање.

14

15

Sesamo е иновативна колекција која драматично го надминува концептот на додатоци за бања, ги прави невидливи и достапни само кога е потребно. Се отвара и затвара по ваш налог, магичниот збор всушност не е важен, туку само допирот. Нишите се изработени од не’рѓосувачки челик и можат да бидат премачкани со истиот ѕиден материјал кој е предвиден за бањата.

1

Нема ограничувања за видот на финишот, елементите се максимално хигиенски и функционални. Минимализмот го достигнува својот максимум, додатоците исчезнуваат и стануваат видливи само кога ви се потребни. Името на колекцијата најдобро ја изразува природата на елементите, при што секој се состои од тело кое се монтира во ѕидот, а кое сосема е покриено со преден дел од истио материјал, со исти завршни детали и боја како ѕидот.

12

Вообичаено аксесоарите своето место во бањите го пронаоѓаат по завршување на нивниот дизајн, па обично имаат влијание на нивниот посакуван естетски изглед. Sesamo овозможува да се задржи естетската димензија на бањата често пореметена од присуството на надмоќна додатоци кои често може да бидат вон контекст или неповрзани. Системот дозволува скриени ниши за четки за тоалети, држачи за четки за заби или двојни чаши, куки за облека, корпи за отпадоци и ормани за омилени производи со неограничени можности за прилагодување.

13 2 11 10 4

Испрати коментар

Scroll To Top