На Тибет, пуштен е во сообраќај тунел кој се наоѓа на автопат со највисоката надморска височина во светот, 4750 метри. Двонасочниот тунел е долг околу 5,7 километри и претставува дел од автопатот долг 400 километри, што ги поврзува главниот град и градот Нингци на југоистокот од Тибет. Изградбата на тунелот започнала во 2015 година, а со неговото завршување патот е скратен за 12,3 километри. И покрај екстремно ладното време како и недостатокот од килород поради огромната надморска височина, над 2000 работници кои учествувале во изградбата успешно им одолеале на овие и на многу други предизвици.
Споменатиот автопат се посочува како важен сообраќаен правец за источниот дел на Тибет. кој помага во зајакнувањето на туризмот, развојот на индустријата и подигањето на квалитетот на живот на локалното население.