Насловна / Архитектура / Серија настани на Архитектонскиот факултет при УКИМ

Серија настани на Архитектонскиот факултет при УКИМ

Серија настани планирани за вторник, 12.6.2018 година, на Архитектонскиот факултет при УКИМ – Скопје.

Програмата е со следниот распоред:
– 10.30 часот – промоција на публикација од програмата „Студио во фокус“(Амфитеатар);
– 11.00 часот – „Нови дијалози“, предавање на Едзард Шулц и А. Шулевска (Амфитеатар);
– 12.00 часот – Отворање на Изложбата на архитектонски студија – ИАС 12 (Голема сала);

Model

Истиот ден, 12.06.2018 год. во Музејот на град Скопј во организација на Полската амбасада во Скопје и Архитектонскиот факултет во Скопје, по вторпат ќе биде доделена наградата „Тигрите“ за најдобра магистерска работа на Архитектонскиот факултет во изминатите 12 месеци. Наградата ја доделува редакцијата на полскиот месечник „Архитектура-муратор“.  Добитник на овогодинешната награда „ТИГРИТЕ“ е Ружица Минова.

Покрај доделувањето на наградата во Музејот ќе биде отворена и изложба во организација на Полската амбасада во Скопје, а настанот започнува во 20.00 часот.

2nd 360 #02 final 1000x1400px

Во контекст на редовните активности на Архитектонскиот факултет во Скопје насочени кон претставување и промоција на сопствената работа на потенцијалните идни студенти, но и на пошироката културна јавност, настаните планирани за вторник, 12.06.2018 год. се замислени и како програма на „Отворениот ден на факултетот“.

Испрати коментар

Scroll To Top