„Овие ламби се уметнички дела колку и извор на светлина“ – тврдат дизајнерите.
Па затоа не е ни чудно што неговите ламби се среќаваат многу често во ентериерите. Чисти и едноставни линии ја опишуваат елеганцијата на овие ламби дизајнирани кон средината на минатиот век. Инспириран од човековото тело и црните линии, Serge Mouille креирал подна, ѕидна и таванска лампа. Секоја „глава“ може да биде ориентирана и насочена по желба со ротација.
Вистински плус е тоа што овие ламби можат да бидат дел од модерни но и од класични ентериери.
Подната лампа е составена од долга, витка дршка со консуна триаголна база и овозможува насочување на изворот на светлина под кој било агол.
Ламбите и во денешно време се произведуваат и тоа исклучително рачна изработка, а ги има во црна и бела варијанта по цена од 3000 евра па нагоре.