Насловна / Архитектура / Сер Дејвид Чиперфилд добитник на Прицкер 2023

Сер Дејвид Чиперфилд добитник на Прицкер 2023

Британскиот архитект Дејвид Чиперфилд е овогодинешниот добитник на најзначајната награда во архитектурата – Прицкер, за неговото творештво кое опфаќа четири децении.

Чиперфилд е 52-риот добитник на престижната награда која се смета за Оскар во архитектурата.

„Внимателни, добро смислени, прецизни и смирени одговори што ги даде на целите кон кои се стреми во неговите објекти, можат да произлезат само од длабоко и трајно познавање на дисциплината. Сепак, тие одговори никогаш не се насочени кон себе, ниту пак на кој било начин служат како уметност заради уметноста: напротив, тие секогаш останаа фокусирани на повисоката цел на интервенциите и на стремежот за граѓанско и јавно добро“.

1

Жирито за 2023 година го пофали поради „избегнување на трендовите“ и ја препозна неговата „посветеност на архитектура на подценетата, но трансформативна граѓанска присутност“.

Роден и школуван во Лондон, Чиперфилд го основал бирото David Chipperfield Architects во 1985 година – денес глобална фирма со канцеларии во Лондон, Берлин, Милано, Шангај и Сантијаго де Компостела.  Веднаш заземал алтернативен став кон тогашните доминантни постмодернистички и високотехнолошки трендови, фокусирајќи се на минимализам сочинет од материјалност и внимание кон местото и неговата често јавна димензија, што и покажуваат проектите како што се Јавната библиотека Des Moines или новите музејски искуства на Museumsinsel и Neue Nationalgalerie во Берлин, Jumex во Мексико или Procuratie Vecchie во Венеција.

river

The River & Rowing Museum in Henley-on-Thames

Како реакција на веста за наградата, архитектот вели дека е „воодушевен што ја добива оваа извонредна чест и што е поврзан со претходните лауреати“.

„Оваа награда ја сфаќам како охрабрување да продолжам да го насочувам моето внимание не само на суштината на архитектурата и нејзиното значење, туку и на придонесот што како архитекти можеме да го дадеме во решавањето на егзистенцијалните предизвици на климатските промени и општествената нееднаквост“, додаде Чиперфилд.

simone

simon1

James Simon Galerie во Берлин 

Еден од првите големи проекти на David Chipperfield Architects е The River & Rowing Museum in Henley-on-Thames, Oxfordshire, Англија, на реката Темза, кој го заврши со своето студио во 1997 година.

Позиционирајќи се како омилен архитект за граѓански и културни згради го доведе неговото биро до создавање значајни згради, вклучувајќи ги Hepworth во Wakefield 2011., Saint Louis Art Museum во Мисури 2013., Museo Jumex во Мексико Сити 2013. и James Simon Galerie во Берлин 2018. година.

jumix

Museo Jumex во Мексико Сити

Други значајни проекти на David Chipperfield Architects се Veles e Vents во Валенсија 2006., галеријата Turner Contemporary во Маргејт 2011. и капелата на гробиштата Inagawa и центар за посетители 2017.

Неговото студио, исто така, се занимава со типологии на канцеларии и домување, вклучувајќи го седиштето на Amorepacific во Сеул 2017 година и резиденциите на Hoxton Press во Лондон 2018 година.

Реновирањето е уште една специјалност на David Chipperfield Architects кои во 2009 година го обновија берлинскиот Neues Museum дело на Friedrich August Stüler и во 2021 година и Neue Nationalgalerie од Лудвиг Мис ван дер Рое.

mis

Neue Nationalgalerie, Берлин 

Во моментов работи на проширување на Националниот археолошки музеј во Атина и на реновирање на иконичната стоковна куќа Jenners во Единбург.

Покрај наградата Прицкер, Чиперфилд е добитник и на други признанија и почести, вклучувајќи ги Кралскиот златен медал RIBA во 2010 година, наградата Mies van der Rohe во 2011 година и Praemium Imperiale за архитектура на Јапонската асоцијација за уметност во 2013 година.

vales

Veles e Vents во Валенсија 

Во 2004 година е назначен за Commander of the Order of the British Empire. Подоцна е прогласен за витез во 2010 година, пред да биде назначен во Order of the Companions of Honour во 2021 година.

Наградата Прицкер ќе му биде врачена во мај на церемонијата во Атина.

Со овогодинешното жири претседаваше архитектот Алехандро Аравена.

hemp

Hepworth во Wakefield 

sain_luis

Saint Louis Art Museum во Мисури 

amora

Amorepacific Headquarter, Сеул

morland

Morland Mixité Capitale, Париз

ikanava

капелата на гробиштата Inagawa

turner

галеријата Turner Contemporary во Маргејт 

hoxton

Hoxton Press во Лондон 

Испрати коментар

Scroll To Top