Насловна / Архитектура / Сер David Adjaye добитник на Кралскиот златен медал за 2021 на RIBA

Сер David Adjaye добитник на Кралскиот златен медал за 2021 на RIBA

Сер David Adjaye, британски архитект роден во Танзанија, по потекло од Гана, добитник е на Кралскиот златен медал за 2021 година, една од најзначајните светски награди во архитектурата.

1_resize

Ова е првпат во 173-годишната историја на оваа награда, која секоја година ја доделува Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA), да се додели на архитект црнец. Објавувањето доаѓа додека институтот ја испитува својата улога во британското колонијално минато и се труди да се справи со постојаниот недостаток на застапеност на црнците во архитектурата. Само 5.2 отсто од студентите примени на школите за архитектура во Велика Британија се црнци, додека бројот на регистрирани архитекти црнци падна на само 1отсто, пишува Guardian.

3_resize

Ruby City, уметнички центар во Сан Антонио, Тексас (2019)

Во текот на својата 25 годишна кариера, Сер David Adjaye постигнал големо меѓународно признание и внимание со низа револуционерни и светски проекти, почнувајќи од приватни куќи, изложби и дизајни на мебел, до главни културни згради и градски мастер планови. Во 2000. година, тој го основал своето биро „Adjaye Associates“ со студија во Акра, Лондон и Њујорк. Комбинирајќи ја практиката со наставата, Adjaye предавал на универзитетите Харвард, Мичиген, Пенсилванија и Принстон.

Smithsonian National Museum of African American Arts and Culture, Washington DC

Национален музеј на афроамериканската историја и култура Смитсониан, Вашингтон (2016)

Богат творечки опус

Adjaye е познат по прославениот Национален музеј на афроамериканската историја и култура Смитсониан, Вашингтон (2016), а неговите дела вклучуваат и Ruby City, уметнички центар во Сан Антонио, Тексас (2019); Alara concept store во Лагос (2016); станбено – деловен комплекс Sugar Hill во Харлем, Њујорк (2015); Фондација Aishti, малопродажен и уметнички центар во Бејрут, Либан (2015); две библиотеки во Вашингтон (2012); Московска школа за менаџмент Сколково во Русија (2010); Музеј на современа уметност во Денвер, Колорадо (2007); Нобелов центар на мирот во Осло, Норвешка (2005); Уметнички центар Rivington Place, Лондон (2007); и Idea Stores – две библиотеки во Лондон (2004, 2005 година).

7_resize

Московска школа за менаџмент Сколково во Русија (2010)

Голема чест ми што моите колеги ја препознаа работата што ја постигнав со мојот тим и нашиот придонес кон професијата и светот во изминатите 25 години. За мене, архитектурата отсекогаш била создавање убавина со која нациите ширум светот подеднакво би се изградиле. Искрена благодарност упатувам до сите луѓе кои го поддржаа ова мое патување кое доведе до овој момент “, изјави Сер David Adjaye.

8_resize

Фондација Aishti, Бејрут

5_resize

станбено – деловен комплекс Sugar Hill во Харлем, Њујорк

0_resize

Испрати коментар

Scroll To Top