Нема да биде проект на Општината Центар, туку на Министерството за транспорт и врски кое распиша оглас за продажба на парцелата со површина од 1.465 метри квадратни, на која е предвидено да се издигне катната гаража.
Почетна цена за квадрат земјиште е 30 евра, а плацот е со површина од околу 1.500 квадратни метри.
Заинтересираните инвеститори треба да ги достават своите пријави за учество на електронското јавно наддавање најдоцна до 5 август, додека најавената лицитација ќе се одржи на 11 август.
Во Деталниот урбанистички план на оваа локација е вметната маркичка за изведба на објект со седум надземни и едно подземно ниво со површина од 8.438 метри квадратни. Максималната дозволена висина до венец изнесува 29 метри.
Дозволена е изградба на објект со максимална висина од 29 метри, во кој освен паркирање, ќе има и деловен простор.
„Најповолниот понудувач е должен фасадното обликување на објектот да го изработи во еден од стиловите на барок, класицизам, неокласицизам, романтизам и неоромантизам. Пред издавање на одобрение за градење, потребно е комисија формирана од страна на министерот за транспорт и врски да ја одобри фазата архитектура од основниот проект“, се вели во посебните дополнителни услови од огласот кој е отворен до 5 август.