Архитектонското студио Bilgin Architects (Билгин Архитекти), стои за проектот зад изградбата на технолошка инфраструктура за контрола на најголемата централа за соларна енергија во Европа во Карапинар, Турција, сред доминантна пустинска клима. Површина од 20 квадратни километри во овој регион, која стана несоодветна за земјоделство, но која поради својата пустинска клима има значителен енергетски потенцијал, е одредена како зона за енергетска специјализација.
Калион Енерџи има воспоставено соларна централа од 1.350 MWp во овој регион со капацитет да биде најголемата соларна централа во Европа. Работата на фабриката се раководи преку Централната контролна зграда. Најголемиот предизвик за архитектите беше претставувањето на енергетска технологија при рамна топографија.
Предвидената сенка на објектот беше уште еден предизвик, бидејќи ефикасноста на соларната централа би била засегната доколку зградата ги засенува соларните панели, па центарот е стратешки поставен за да не фрла сенки градејќи една постројка.
Централната контролна зграда, проект на Bilgin Architects (Билгин Архитекти), програмски се развива на еден кат и нуди различни сензорни простори, која ги соединува луѓето, природата и технологијата. Фасадата на објектот претставува не само како архитектонски, туку и поврзувачки елемент помеѓу тлото и околниот контекст.
Надворешната рефлексивност создава уникатна шема која не се повторува и обезбедува промени во бојата што создаваат пасивно кинетичко искуство во различни услови на осветлување во текот на денот. Оваа идеја е аплицирана и во непосредниот јавен простор, сместен во центарот со неправилна форма што генерира контраст со околината поради поставувањето на ендемични растителни видови кои бараат минимално наводнување и одржување, создавајќи микроклима во внатрешноста.
И покрај тоа што обезбедува оптимално користење на енергијата, дизајнот на обвивката, исто така, претставува важен дел од идентитетот на објектот. Фасадата, составена од два слоја е проектирана да го минимизира зрачењето што паѓа врз главната фасада. Оваа секундарна фасада, која избегнува висока изложеност на топлина во поголемиот дел од годината, е составена од 7.200 панели од нерѓосувачки челик во четири различни нивоа на транспарентност.
Концептот за фасадата се заснова на параметри како што се географската насока, локалниот контекст и оптималните барања за осветлување. Поради својата рефлектирачка површина, материјалот ја менува бојата, обезбедувајќи диференцијално искуство во различни услови на осветлување во текот на денот. Во облачни денови пак, границите на фасадата стануваат нејасни. Како што паѓа ноќта, фасадата ја истиснува внатршноста кон надвор, спротивставувајќи го искуството на дневната светлина и откривајќи ги ентериерите и јавните површини во ноќните часови.