Насловна / Вести / Сензори за детекрирање уривање згради и поместување на земјиште

Сензори за детекрирање уривање згради и поместување на земјиште

Во потрага по метод за детектирање уривање на згради или терен на косина, научниците од Корејскиот институт за градежништво и градежна технологија (KICT) создадоа паметен сензор кој ги регистрира овие промени и овозможува далечинско следење во реално време.

Одамна постојат системи кои го мерат движењето на теренот, но тие се наменети само за стручни лица, скапи се и тешки за употреба, па затоа не нашле поширока примена.

д1

Новите сензори со висока ефикасност детектираат промени во пад од 0,03° и вклучуваат предупредувачко LED светло. Во областите со висок ризик, тие можат да се постават на растојание од 1-2 метра за континуирано следење на движењата на земјата.

Благодарение на технологијата за оптички пренос на леќи, LED предупредувањето е видливо со голо око дури и на растојание од 100 метри, дење и ноќе. Кога ќе се вклучи предупредувачкото светло, луѓето задолжени за мониторинг можат далечински да утврдат што се случува и да ги предупредат надлежните.

Новите сензори се многу полесни за вградување и поевтини од претходните, а можат да работат речиси една година без замена на батериите. Издржуваат температури од -30°C до 80°C, па се очекува да се користат во голем број во области со големи сезонски варијации.

Алгоритам во сензорите го анализира и проценува ризикот врз основа на условите на набљудуваните локации за да спречи лажни аларми. Употребата на овие сензори е можна на градилишта, за време на тработа на тунели, на оштетени згради и историски значајни објекти, во рудници, подземни објекти, како и во области подложни на клизишта.

д2

Во рамки на пилот проектот, сензорите се поставени во каналите настанати од лава на островот Јејудо, потоа на падините покрај националните патишта и во планинските области, како и покрај брзите железници GTX-A во Сеул.

Истражувачите наведуваат дека технологијата за детекција што е користена досега не може брзо да реагира на колапс бидејќи е потребно долго време за да се анализа и тумачење на податоците, а новата технологија на сензори значително ќе го намали времето потребно за реакција.

Се очекува дека сензорите ќе бидат поставени на многу локации, особено таму каде што се планираат големи градежни проекти или објекти кои се планирани за уривање.

Испрати коментар

Scroll To Top