Насловна / Вести / Сензорен урбанизам: Заборавивме да ги мирисаме, слушаме и допираме нашите градови

Сензорен урбанизам: Заборавивме да ги мирисаме, слушаме и допираме нашите градови

Сензорниот урбанизам е форма на истражување за тоа како невизуелните информации го дефинираат карактерот на градот и влијаат на неговата виталност.

Во оваа смисла, се користат различни методи, како што се звучни ленти, мапи на мирис, како и употреба на преносни уреди и виртуелна реалност, за истражувачите во оваа област да воведат и други сетила во урбаните центри.

Според Дејвид Ховес, истражувач на сензорен урбанизам и автор на Манифестот за сензорни студии, луѓето се навикнати само да ги набљудуваат градовите и забораваат да ги помирисаат, слушнат и допрат.

2

Ховес применува етнографски пристап, користејќи набљудување и интервјуа за да развие збир на најдобри практики за добар сензорен дизајн во јавни простори.

Други истражувачи пак, ја прифаќаат високата технологија, користејќи преносливи уреди за следење на биометриските податоци, како што е опсегот на отчукувањата на срцето, како мерило за емоционален одговор на различни сензорни искуства.

Така, проектот GoGreenRoutes, финансиран од ЕУ, го следи овој пристап бидејќи проучува како природата може да се интегрира во урбаните простори со цел да се подобри здравјето на луѓето и да се обнови животната средина.

1

ИСКУСТВА ШИРУМ СВЕТОТ

Онуз Енер, академик и музичар од Турција, кој исто така е и истражувач на сензорен урбанизам, поминал години организирајќи звучни прошетки во Истанбул во кои учесниците со превез преку очи го опишуваат она што го слушаат на различни места.

Со неговото истражување идентификувани се локации каде што би можело да се засади вегетација за да се пригуши сообраќајната бучава, или пак оние каде што би можел да се постави одреден елемент кој би ги појачал нежните звуци на морето.

Овој вид на индивидуални повратни информации за сетилното опкружување веќе се користи во Берлин, каде мирните области кои се идентификувани од граѓаните кои користат бесплатна мобилна апликација се вклучени во најновиот акционен план на градот поврзан со бучавата. Така, според законодавството на ЕУ, градот сега е обврзан да ги заштити овие области од зголемена бучава.

is

На University Deakin, прогресивна јавна образовна установа во Џилонг во Австралија, професорот по архитектура Бо Беза трага за целосно нурнување во сетилата на градот.

Неговиот тим додава звуци, евентуално и мириси и текстури, во опкружувања на виртуелна реалност, кои потоа градските власти можат да ги користат за да презентираат проекти за планирање.

Тој за ArchDaily објасни дека на многу луѓе им е тешко да ги замислат приказите на улиците, парковите и плоштадите на хартија, така што можноста да „шетаат и слушаат“ би го зголемила разбирањето.

3

КВАРТ КОЈ МИРИСА НА КАПУЧИНО

Прашањето за правичност и инклузија, исто така, може да биде корисно кога се определува кои сетилни искуства се земаат предвид при планирањето.

Имено, непривилегираните урбани заедници често го носат најголемиот товар на загадувањето од бука и непријатните мириси од автопатиштата и фабриките, но исто така често се и мета на поплаки за зголемена бука кога некои од нивните соседства се гентрифицираат.

„Сетилните перцепции не се неутрални или едноставно биолошки, без разлика дали наоѓаме нешто пријатно или не, сепак е културно или општествено обликувано“, вели Моника Монсерат Деген, социолог од Универзитетот Брунел во Лондон.

Таа го наведува примерот на една лондонска четврт каде евтините ресторани кои служеле како место за собирање на локалната младина се заменети со модерни кафулиња, па наместо мирисот на пржено пилешко да доминира во околината, што поновите станари го сметале за не многу пријатен начин на добредојде, сега цел кварт мириса на капучино.

Испрати коментар

Scroll To Top