Познатиот американски архитект Френк Гери е авторот на уникатната резиденција која се наоѓа во Малибу на брегот на Атлантскиот Океан.
Како и сите негови дизајнерски решенија, и ова се издвојува со својот изглед, иако во неговото соседство има бројни резиденции на богати и славни, кои вредат милиони долари.
Оваа вила изгледа помалку футуристички, а на пазарот на недвижнини се продава по цена од 33,9 милиони евра.
Првичната цена била 50 милиони долари. Овој автентичен и уникатен имот има три нивоа со спектакуларни погледи, совршен декор и мебел, плус затворен базен и тениско игралиште.