Во Сент Луис во САД ќе се гради неверојатна кула која веќе го доби името “One Hundred” (Стотка). Резиденцијалната кула има височина од 117 метри и ќе се состои од 35 ката поделени во слоеви со коси страни. Надворешните ѕидови на секое ниво ќе бидат поставени така што кулата изгледа отворена нагоре.
„Во клима со четири различни годишни времиња сакавме на станарите да им овозможиме да уживаат во различни погледи и природно светло во текот на целата година“, велат од архитектонското студио Gang од Чикаго, додавајќи дека тоа го постигнале со екпериментирање во геометријата на фасадата и менување на распоредот во становите. Кулата ќе има 305 апартмани и 335 паркинг места.