Насловна / Архитектура / Senna Tower: Највисок станбен облакодер во Бразил

Senna Tower: Највисок станбен облакодер во Бразил

Во Бразил се откриени плановите за изградба на станбен облакодер Senna Tower, кој ќе стане највисока зграда од тој вид на светот. Овој импозантен објект ќе биде сместен во Санта Катарина и проектиран како омаж за легендарниот возач на „Формула 1“, Аиртон Сена. Сена, кој е шампион на ова натпреварување за 1988, 1990 и 1991, трагично го загуби животот на 34 години. Неговот име и натаму е инспирација за многумина, а предметите поврзани со него и натаму ги соборуваат сите рекорди на аукциите.

Иако точната височина на облакодерот Senna Tower сеуште не е позната, но се очекува истата да надминува 500 метри. Така, тој ќе биде значително повисок од сега највисокиот станбен облакодер Central Park Tower во Њујорк. Во исто време, овој проект би можел да добие конкуренција од планираниот Six Senses Residences Dubai Marina, со проектирана височина од 517 метри. Зад овој проект е инетересно дека се потпишува внуката на спортистот, Лалали Сена. Зградата ќе има основа која се стеснува во класична правоаголна форма, а фасадата ќе биде збогатена со впечатливо осветлување. Senna Tower ќе има 228 станбени единици, вклучувајќи 18 „висечки вили“ и два mega triplex пентхауси. Станарите на располагање ќе имаат шест приватни ката со содржини за разонода, а ќе можат да користат и дел од покривот. Во приемјето на зградата се предвидени содржини отворени за јавноста, како што се простори за забава и ресторани, а посебно место ќе зазема и делот посветен на Сена и неговите достигнувања. Проектот веќе ги добил потребните дозволи од локалните власти, а неговата вредност се проценува на околу 500 милиони долари.

 

Испрати коментар

Scroll To Top